• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЈА ПОТЕНЦИРА ПОТРЕБАТА ОД СООДВЕТНО ФИНАНСИРАЊЕ ЗА ОДРЖЛИВОСТ НА ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

објавено на 05.11.2026

Во најновиот Извештај за напредокот на Република Северна Македонија, објавен на 4 ноември 2026 година, Европската комисија во рамките на Поглавје 12 – „Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика“, упатува јасна порака за неопходноста од обезбедување соодветно финансирање на системите за контрола и заштита на здравјето на животните и безбедноста на храната.

„Системите мора да бидат соодветно финансирани за да се обезбеди нивната одржливост“, експлицитно се наведува во Извештајот на Европската комисија.

Оваа констатација претставува исклучително значаен аргумент во прилог на долгогодишните укажувања, иницијативи и институционални активности на Ветеринарната комора на Македонија, која во континуитет предупредува дека постојните буџетски рамки и начинот на финансирање ја доведуваат во прашање функционалноста и долгорочната одржливост на ветеринарно-здравствениот систем.

Особено загрижува драстичното намалување на буџетските средства за здравствена заштита на животните во изминатиот период, во услови на сериозни епидемиолошки предизвици, присуство и закани од опасни заразни болести кај животните и зоонози, како и континуирано зголемување на трошоците за спроведување на ветеринарните активности од јавен интерес.

Не може да се очекува ефикасен, функционален и европски усогласен ветеринарно-здравствен систем со финансиски средства кои не ги следат реалните потреби, епидемиолошките ризици и обврските што државата ги поставува пред ветеринарната служба.

Ветеринарната комора во изминатите години повеќепати се обраќаше до Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство и другите надлежни институции, укажувајќи на неопходноста од соодветна буџетска рамка, реално вреднување на ветеринарните услуги од јавен интерес, навремено исполнување на финансиските обврски и создавање услови за непречено функционирање на ветеринарните друштва.

Оценките на Европската комисија дополнително ја потврдуваат оправданоста на овие барања и потребата од итно преиспитување на досегашниот пристап кон финансирањето на ветеринарниот сектор.

Здравствената заштита на животните, контролата на заразните болести, безбедноста на храната и заштитата на јавното здравје не смеат да бидат третирани како спореден буџетски расход, туку како стратешки јавен интерес и суштинска обврска на државата.

Ветеринарната комора на Македонија очекува ова јасно укажување на Европската комисија сериозно да биде земено предвид од надлежните институции и да резултира со конкретни и неодложни мерки за воспоставување стабилен, соодветно финансиран и долгорочно одржлив ветеринарно-здравствен систем.

Без финансиски одржлива ветеринарна служба нема ефикасна здравствена заштита на животните, сигурно сточарско производство, ниту соодветна заштита на јавното здравје.

Извор: Европска комисија, Извештај за Северна Македонија 2026, Поглавје 12, стр. 94, SWD(2026) 693 final.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња