Известување до членството за текот на изборниот процес и распоредот на гласање
Почитувани членови на Ветеринарната комора,
Ве известуваме дека на 25.09.2026 година во 12:00 часот е затворен процесот на доставување на кандидатури за првата фаза од изборниот процес за делегати во Собранието на Ветеринарната комора, како и за претседатели и потпретседатели на струковните одбори.
По затворањето на процесот на доставување на кандидатури, Изборната комисија на втората седница одржана на 28.09.2026 ја разгледа доставената документација и ја утврди листата на навремено доставени кандидатури, која се објавува за информирање на членството.
Во продолжение ја објавуваме конечната листа на навремено доставени кандидатури, како и распоредот за непосредно гласање по региони.
I.КОНЕЧНА ЛИСТА НА КАНДИДАТУРИ ЗА ДЕЛЕГАТИ ВО СОБРАНИЕТО
|
ОДБОР НА ВЕТЕРИНАРНА ПРАКСА |
|||||
|
Битолски регион |
Скопски регион |
Штипски регион |
Тетовски регион |
Централен и Југоисточен регион |
Кумановски регион |
|
1. Борче Велевски |
1. д-р Пандорче Тренкоска Спасова |
1. Ивица Гичев |
1. Осман Мустафи |
1. Сашо Ѓорѓиев |
1. Андреја Постоловски |
|
2. Новица Здравков |
2. д-р Жарко Радовиќ |
2. Миле Јанков |
2. Енвер Селами |
2. Димче Димитриевски |
2. Ивица Раденков |
|
3. Ванчу Наумоски |
3. д-р Денис Османов |
3. Крсте Митев |
3. Тони Ристов |
3. Дејан Николов |
|
|
4. Сашко Георгиевски |
4. д-р Ванчо Јосифовски |
4. Далибор Трифуновиќ |
|||
|
5. Игор Цветановски |
5. д-р Светла Дракуловска |
||||
|
6. Спиро Божиновски |
6. д-р Димче Велковски |
||||
|
7. Златко Тековски |
7. д-р Гоце Атанасовски |
||||
|
8. Филип Филипов |
|||||
|
9. Лорен Поповски |
|||||
|
10. Мартин Камчески |
|||||
|
* се гласа за 6 делегати |
* се гласа за 6 делегати |
* се гласа за 2 делегати |
* се гласа за 2 делегати |
* се гласа за 3 делегати |
* се гласа за 2 делегати |
|
ОДБОР НА ВЕТЕРИНАРИ ВРАБОТЕНИ ВО ФАРМАЦИЈА И ИНДУСТРИЈА |
ОДБОР НА ВЕТЕРИНАРИ ВРАБОТЕНИ ВО НАУЧНО-ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ |
ОДБОР НА ВЕТЕРИНАРИ ВРАБОТЕНИ ВО ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА |
|
1. Кристаќ Андон |
1. Бранко Анѓеловски |
1. Абдилазис Локмани |
|
2. Сашко Поповски |
2. Дејан Јанкуловски |
|
|
3. Игор Дракалски |
3. Јане Влаов |
|
|
4. Марија Јовановска |
4. Петар Додовски |
|
|
5. Искра Бекриќ |
||
|
* се гласа за 2 делегати |
* се гласа за 2 делегати |
* се гласа за 1 делегат |
II. КОНЕЧНА ЛИСТА НА КАНДИДАТУРИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СТРУКОВНИТЕ ОДБОРИ
|
Струковен одбор |
Претседател (кандидати) |
Потпретседатели (кандидати) |
|
ОДБОР НА ВЕТЕРИНАРНИ ПРАКТИЧАРИ |
1. Рами Селмани |
1. Сашо Танасковски – Секција за голема пракса 2. Никола Буневски – Секција за мала пракса |
|
ОДБОР НА ВЕТЕРИНАРИ ВРАБОТЕНИ ВО ФАРМАЦИЈА И ИНДУСТРИЈА |
1. Станко Смиленовски 2. Јана Мановска |
|
|
ОДБОР НА ВЕТЕРИНАРИ ВРАБОТЕНИ ВО НАУЧНО-ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ |
1. Александар Додовски |
1. Димитар Божиновски 2. Филип Тројачанец 3. Талија Христовска |
|
ОДБОР НА ВЕТЕРИНАРИ ВРАБОТЕНИ ВО ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА |
1. Александар Китански |
2. Абдилазис Локмани |
III. РАСПОРЕД НА ГЛАСАЊЕ
Гласањето за делегати во Собранието на Ветеринарната комора ќе се спроведе непосредно, по региони, согласно следниот распоред:
|
Датум |
Време |
Регион |
Место |
|
Среда, 30.09.2026 |
12:00–13:00 |
Централен и Југоисточен регион (Велес, Струмица, Богданци, Валандово, Гевгелија, Кавадарци, Неготино) |
Општинска зграда на град Неготино – Голема сала |
|
Среда, 30.09.2026 |
15:00–16:00 |
Битолски регион (Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево, Охрид, Ресен, Струга) |
Ветеринарен факултет Битола |
|
Четврток, 01.10.2026 |
15:00–16:00 |
Штипски регион (Штип, Радовиш, Пробиштип, Пехчево, Кочани, Делчево, Виница, Берово) |
Хотел „Оаза“, Штип |
|
Петок, 02.10.2026 |
14:00–15:00 |
Тетовски регион (Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево) |
Државен универзитет Тетово |
|
Понеделник, 05.10.2026 |
15:00–16:00 |
Кумановски регион (Куманово, Крива Паланка, Кратово, Свети Николе) |
Хотел „Хармонија“ |
|
Вторник, 06.10.2026 |
12:00-15:00 |
Скопски регион |
Ветеринарна Комора |
Членовите на струковите одбори на фармација и веледрогерии, образование и наука и администрација, ќе може да го остварат своето право на глас во градот односно регионот што му е најдостапен.
Напомена: За полесно спроведување на процесот на идентификација, се препорачува секој член при пристапување кон гласањето со себе да има важечки документ за лична идентификација (легитимација од ВКМ или лична карта)
IV. ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ КАНДИДАТУРИ ЗА ОРГАНИТЕ И ТЕЛАТА НА КОМОРАТА
По завршувањето на првата фаза од изборниот процес, согласно Статутот на Ветеринарната комора и важечките акти, ќе следи и постапката за избор на органите и телата чиј избор е во надлежност на Собранието на Ветеринарната комора.
Во таа насока, Изборната комисија на Ветеринарната комора ги повикува членовите кои ги исполнуваат условите согласно Статутот и актите на Комората да достават кандидатури за:
- Претседател на Ветеринарната комора;
- Потпретседател на Ветеринарната комора;
- членови на Надзорниот одбор (се избираат 3 членови);
- членови на Стручниот одбор ( се избираат 10 членови од кои: од одбор на практичари се избираат 6 членови, од одбор на образование 3 членови, од одбор на фармација и веледрогерии 1 член);
- членови на Судот на честа (се избираат 5 членови);
- Обвинител и двајца заменици;
Согласно заклучоците на Изборната комисија кандидатурите се доставуваат до Ветеринарната комора на официјалната електронска адреса mvk@mvk.org.mk, најдоцна до 06.10.2026 година до 12:00 часот.
За секоја кандидатура задолжително се доставува потпишана Изјава за прифаќање на кандидатурата (изјавата е дадена во прилог).
Одделно, за кандидатурите за претседател и потпретседател на Ветеринарната комора, покрај Изјавата за прифаќање на кандидатурата, потребно е да се достави и писмена поддршка од најмалку 20 членови на Комората, согласно Статутот и актите на Комората.
Изборната комисија ќе ги разгледа и провери навремено доставените кандидатури и ќе ја утврди листата на кандидати за Изборното собрание.
Почитувани колеги, Ве повикуваме активно да учествувате во изборниот процес, како кандидати и како гласачи, со што ќе придонесеме кон спроведување на транспарентен и уреден изборен процес и кон формирање на новиот состав на органите и телата на Ветеринарната комора.
Со почит,
Претседател на Изборна комисија на
Ветеринарна комора на Република Македонија
д-р Горан Динев
Пребарување
Формулари и обрасци
- Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
- Барање за мирување на членство во Комората
- Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
- Барање за менторство
- Барање за издавање на лиценца за работа
- Потврда за завршен приправнички стаж
- Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
- Барање за продолжување на лиценца за работа
- Евиденциска картичка
- Барање за категоризација и вреднување
- Барање за полагање на стручен испит
- Барање за изработка на факсимил

