• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Соопштение за распишување избори за делегати во Собранието, претседател, потпретседател и членови на органите и телата на Ветеринарната комора

објавено на 21.09.2026

Почитувани колеги,

Почитувани членови на Ветеринарната комора,

Согласно Статутот и актите на Ветеринарната комора, се распишуваат редовни избори за делегати во Собранието, претседател и потпретседател на Комората, како и за членови на органите и телата на Ветеринарната комора.

Со распишувањето на изборите започнува изборниот процес преку кој членството непосредно ќе ги избере своите претставници и ќе го формира новиот состав на органите на Комората за наредниот мандатен период.

Свесни сме дека изборите се распишуваат во исклучително тежок и специфичен период за ветеринарната професија, а особено за ветеринарните друштва вклучени во спроведувањето на активностите од јавен интерес.

Во текот на оваа година колегите од ветеринарната пракса се соочуваат со значителен професионален, организациски и економски товар, а токму во овој период голем број од нив се максимално ангажирани во спроведувањето на интензивни теренски активности и мерки од областа на здравствената заштита на животните.

Ценејќи го нивниот ангажман и целосно разбирајќи ги околностите во кои ја извршуваат својата работа, мораме истовремено да бидеме свесни дека изборниот процес претставува неопходен и неодложен институционален процес со кој се обезбедува континуитетот, легитимитетот и непреченото функционирање на Ветеринарната комора.

Комората мора да продолжи непречено да ги извршува своите законски, статутарни и професионални обврски и да биде функционален и легитимен претставник на ветеринарната професија.

Токму затоа ги повикувам сите колеги, и покрај бројните тековни професионални обврски, да најдат можност активно да се вклучат во изборниот процес.

I. ПРВА ФАЗА – ИЗБОР НА ДЕЛЕГАТИ ВО СОБРАНИЕТО И ПРЕТСЕДАТЕЛИ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СТРУКОВНИТЕ ОДБОРИ

Во првата фаза изборите ќе се спроведат во рамките на четирите струковни одбори:

1.         Одбор на ветеринарни практичари

2.         Одбор на ветеринари вработени во државната администрација

3.         Одбор на ветеринари вработени во научно-образовни институции

4.         Одбор на ветеринари вработени во фармација и индустрија

Во рамките на секој од четирите струковни одбори, членовите со право на глас непосредно ќе избираат:

  • делегати во Собранието на Ветеринарната комора
  • претседател на струковниот одбор
  • двајца потпретседатели на струковниот одбор

Изборот на претседателот и двајцата потпретседатели на секој струковен одбор ќе се врши на непосредни избори од страна на членството на соодветниот струковен одбор.

Кај Одборот на ветеринарни практичари, двајцата потпретседатели воедно се координатори на секциите за голема и мала пракса, а по функција се членови на Извршниот одбор.

Согласно воспоставениот статутарен принцип, на секои 15 членови со право на глас се избира еден делегат во Собранието на Комората.

Врз основа на бројот на членови запишани во конечниот избирачки список, застапеноста на струковните одбори во Собранието ќе биде:

  • Одбор на ветеринарни практичари – 324 членови со право на глас / 21 делегати;
  • Одбор на ветеринари вработени во државната администрација – 13 членови / 1 делегат;
  • Одбор на ветеринари вработени во научно-образовни институции – 31 членови / 2 делегати;
  • Одбор на ветеринари вработени во фармација и индустрија – 31 членови / 2 делегати

Вкупниот број на делегати во новиот состав на Собранието ќе изнесува 26.

II. РЕГИОНАЛНА ЗАСТАПЕНОСТ НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ ПРАКТИЧАРИ

Имајќи предвид дека Одборот на ветеринарни практичари го опфаќа најголемиот број членови на Комората, а со цел да се обезбеди соодветна и рамномерна територијална застапеност на практичарите во Собранието, изборот на нивните делегати ќе се организира по регионален принцип.

Согласно бројот на членови со право на глас и правилото еден делегат на секои 15 членови, регионалната застапеност ќе биде:

Бр.

Регион

Општини опфатени во регионот

Членови со право на глас

Број на делегати

1

Скопски регион

Скопје

93

6

2

Битолски регион

Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево, Охрид, Ресен и Струга

83

6

3

Кумановски регион

Куманово, Крива Паланка, Кратово и Свети Николе

34

2

4

Штипски регион

Штип, Радовиш, Пробиштип, Пехчево, Кочани, Делчево, Виница и Берово

37

2

5

Централен и Југоисточен регион

Велес, Струмица, Богданци, Валандово, Гевгелија, Кавадарци и Неготино

50

3

6

Тетовски регион

Тетово, Гостивар, Дебар и Кичево

30

2

 

На овој начин се обезбедува Собранието да ја одразува реалната структура на членството и во него да бидат соодветно застапени колегите од сите делови на државата.

Изборната комисија навремено ќе ги извести членовите на Одборот на ветеринарни практичари за точниот датум, време и место на одржување на изборите во секој од регионите, како и за бројот на делегати што се избираат во соодветниот регион.

 

III. ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Целокупниот изборен процес ќе го спроведе Изборната комисија на Ветеринарната комора, согласно Статутот и важечките акти на Комората.

Изборната комисија ќе биде надлежна за:

  • прием и евидентирање на кандидатурите
  • проверка на навременоста и уредноста на поднесените кандидатури
  • утврдување на конечните кандидатски листи
  • подготовка и изработка на гласачките ливчиња и останатиот изборен материјал
  • организација и непосредно спроведување на гласањето
  • следење на правилноста на изборниот процес
  • пребројување на гласовите и утврдување на резултатите
  • составување записници и објавување на резултатите од изборите согласно актите на Комората

Изборната комисија ќе се грижи изборниот процес да биде спроведен транспарентно, еднакво и во согласност со Статутот и изборните акти на Комората.

IV. КАНДИДАТУРИ

Право да се кандидираат имаат сите членови кои ги исполнуваат условите предвидени со Статутот и важечките акти на Ветеринарната комора.

Во рамките на првата фаза од изборниот процес се поднесуваат кандидатури за:

  • делегати во Собранието на Ветеринарната комора
  • претседател на соодветниот струковен одбор
  • двајца потпретседатели на соодветниот струковен одбор

Кандидатурите за наведените функции се доставуваат електронски на официјалната електронска адреса на Ветеринарната комора, најдоцна до 25 септември (петок) 2026 година до 12:00 часот.

За секоја кандидатура задолжително се доставува потпишана Изјава за прифаќање на кандидатурата.

Претседателот и двајцата потпретседатели на секој од четирите струковни одбори се избираат непосредно од членовите со право на глас во соодветниот струковен одбор.

Одделно, за кандидатурите за претседател и потпретседател на Ветеринарната комора, покрај Изјавата за прифаќање на кандидатурата, потребно е да се достави и писмена поддршка од најмалку 20 членови на Комората, согласно Статутот и актите на Комората.

Изборната комисија ќе ги разгледа и провери сите навремено доставени кандидатури и ќе ги утврди конечните кандидатски листи.

V. ВТОРА ФАЗА – ИЗБОРНО СОБРАНИЕ

По завршувањето на изборите за делегати ќе се конституира новиот состав на Собранието на Ветеринарната комора и ќе се одржи Изборно собрание.

На Изборното собрание делегатите ќе извршат избор на:

  • претседател на Ветеринарната комора
  • потпретседател на Ветеринарната комора
  • членови на Надзорниот одбор
  • членови на Стручниот одбор
  • членови на Судот на честа
  • обвинител и двајца заменици
  • други органи и тела чиј избор е во надлежност на Собранието согласно Статутот и актите на Комората

Претседателите на струковните одбори, согласно Статутот, стануваат членови на Извршниот одбор по функција.

За датумот, времето и местото на одржување на Изборното собрание избраните делегати ќе бидат дополнително и навремено известени.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња