• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Најава за официјална посета на високи претставници на Европската федерација на ветеринари (FVE) во Скопје

објавено на 13.02.2026

Ветеринарната комора на Република Македонија ја информира стручната и пошироката јавност дека на 17 и 18 февруари 2026 година во официјална посета на нашата држава ќе престојуваат високи претставници на Федерацијата на ветеринари на Европа (FVE) – Претседателот д-р Зигфрид Модер и Потпретседателот д-р Пјотр Квиечински.

Посетата се реализира во период кога ветеринарната професија во Република  Македонија се соочува со сериозни предизвици и неповолни услови на функционирање, кои директно влијаат врз одржливоста на теренската ветеринарна мрежа. Во услови на зголемени ризици од појава и ширење на заразни болести кај животните во регионот и земјата, како и растечки биосигурносни закани, од исклучителна важност е одржувањето на ветеринарната служба на високо оперативно и функционално ниво.

Целта на посетата е непосредно запознавање на претставниците на ФВЕ со актуелната состојба во ветеринарниот сектор, размена на информации со надлежните институции и укажување на потребата од континуирана системска и финансиска поддршка за стабилизирање на професијата. Во рамки на посетата се предвидени работни средби со државни институции, меѓу кои Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на Република Македонија, како и состанок со институцијата домаќин- Ветеринарната комора на Република Македонија.

Оваа посета претставува значаен момент за афирмирање на улогата на ветеринарната професија како клучен сегмент во системот на јавно здравје, безбедност на храната и заштита на добиточниот фонд. Ветеринарната служба е суштинска алка во превенцијата и контролата на заразните болести и затоа нејзиното институционално јакнење и одржување на стабилно оперативно ниво е од круцијален општествен интерес.

Ветеринарната комора останува посветена на професионален дијалог и меѓународна соработка со цел обезбедување одржливост, долгорочна стабилност и унапредување на ветеринарниот сектор во интерес на граѓаните,  јавното здравје и производството на храна.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња