• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Соопштение за распишување на избори на органи и тела на Ветеринарна комора на Република Македонија

објавено на 03.04.2017

Почитувани колешки и колеги,

Ветеринарната комора на Р. Македонија во пресрет на  Изборното собрание, кое ќе се одржи на ден 21.04.2017 година во Скопје, распишува избори на кои ќе се изберат органи и тела на Комората.
Согласно Статутот, заклучоците на Извршен одбор и Изборната комисија на ВКМ  постапката на изборите ке биде спроведена на следниот начин:
Изборите ќе се спроведат во рамките на Струковните одбори во две етапи.

А. ПРВА ЕТАПА
1.Избор на делегати за Собранието на ВКМ  (принцип десет членови – еден делегат)
2.Избор  на Претседателство на  Струковен одбор ( 5 члена)
Со цел спроведување на непосредни и демократски избори, изборот на делегати за Собранието и членови на Претседателството на одборите  ќе се спроведува по пат на тајно гласање .

ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ДЕЛЕГАТИ И ЧЛЕНОВИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА ОДБОР ( заклучно до 5 април 2017) .

Со цел составување  на предлог листа на кандидати за делегати за Собранието на Ветеринарната комора, како и пријава на кандидати за членови за претседателство на Струковниот одбор  Ве повикуваме до  5 април 2017 година до 12 часот да истакнете своја кандидатура . Пријавувањето  се врши на следниот е-маил : mvk@mvk.org.mk

ПРОВЕДУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ ( од 6 -12  април 2017 )

Врз основа на доставените кандидатури, Изборната комисија на ВКМ ке изготви избирачки ливчиња на кои ќе се гласа за број на делегати пропорционално со бројот на членови на Струковниот одбор или регион, согласно избирачкиот список  и тоа :
1.         Одбор на фармација и индустрија – 4 делегати
Избор на 10.04.2017 во Скопје
2.         Одбор на образовно-научни институции – дополнително ке се утврди
Избор на 10.04.2017 во Скопје
3.         Одбор на администрација- не исполнува услов за делегат
4.         Одбор на практичари –вкупно 35 делегати

Со цел спроведување на најшироко опфатни избори, како и адекватна застапеност по регионален принцип, истите ќе се спроведат сегментирано и тоа :
1. Скопски ( град  Скопје) – 8 делегати
Избор на 10.04.2017 во Скопје
2. Кумановски  (Куманово, Свети Николе, Кратово, Крива Паланка) – 4 делегати
Избор на 06.04.2017 во Куманово
3. Тетовски  (Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар) – 4 делегати
Избор на 06.04.2017 во Тетово
4. Штипски ( Штип, Пробиштип, Кочани, Делчево, Радовиш, Виница, Берово, Пехчево) – 5 делегати
Избор на 12.04.2017 во Штип
5. Струмички ( Струмица, Велес, Валандово, Гевгелија, Богданци, Неготино, Демир Капија, Кавадарци)- 6 делегати
Избор на 12.04.2017 во Струмица
6.  Битолски ( Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Охрид, Струга, Ресен )-8 делегати
Избор на 07.04.2017 во Битола
Сите членови ќе бидат и поединечно и навремено известени по пат на е-маил за времето и местото за одржување на изборот, како и изборната кандидатска  листа за односниот Одбор или регион.

Б. ВТОРА ЕТАПА
ПРИЈАВА НА КАНДИДАТИ ЗА ТЕЛА И ОРГАНИ НА КОМОРАТА ( до 13 април 2017 година)
1.Пријава за кандидатура за Претседател и Потпретседател на Комората се доставува со поднесена писмена Изјава . При подесување на кандидатурата обврзно е да се достави поддршка од 1 одбор, или потписи од  15 члена на Комората.
 2.Пријава за предлог кандидати за членови во  органи и тела на Комората се доставуваат по пат на е-маил: mvk@mvk.org.mk и тоа :
- Стручен Одбор 15 члена( 8 члена од Одбор на практичари, 1 член од Одбор на администрација, 1 член Одбор на образование, 1 член Веледрогерии,   3 члена од образование .
- Суд на Честа( 5 члена)
-Тужител на Комората, 1 тужител и 2 заменици
- Надзорен одбор ( 5 члена)
-  Изборна комисија( 5 члена)

ИЗБОР НА ТЕЛА И ОРГАНИ НА КОМОРАТА
Изборот на телата и органите на Комората ќе се спроведе на ден 21 април 2017 година на Изборното собрание во Скопје за кое ќе добиете дополнително известување.
Почитувани колешки и колеги, Ве повикуваме на активно учество во изборниот процес.
Доколку имате потреба од дополнителни информации обратете се до Стручно-административната служба на Комората.

Со почит,

Претседател на ВКМ
Д-р Томислав Николовски

Претседател на Изборна комисија
Д-р Горан Динев

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња