• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Одржан координативен состанок на одборот на практичари

објавено на 28.06.2026

На 19.06.2026 година во Скопје се одржа координативен состанок на Одборот на практичари при Ветеринарната комора на Република Македонија, на кој учествуваа претставници на ветеринарните друштва од целата држава, претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство и претставници на Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

Состанокот беше свикан поради сериозната загриженост на ветеринарните друштва за актуелната состојба во секторот и бројните предизвици поврзани со спроведувањето на активностите од јавен интерес согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2026 година.

Во рамките на дискусијата беа разгледани прашањата поврзани со финансиската одржливост на ветеринарните друштва, динамиката на исплатите за реализираните активности, статусот на иницијативата за корекција на цените на ветеринарните услуги од јавен интерес, како и оперативните предизвици со кои секојдневно се соочуваат ветеринарните тимови на терен.

Претставниците на ветеринарните друштва едногласно констатираа дека ветеринарниот сектор се наоѓа во исклучително тешка и неодржлива состојба како резултат на долгогодишно недоволно финансирање, континуирано зголемување на трошоците за работа, зголемен обем на обврски и отсуство на соодветно усогласување на надоместоците со реалните услови и трошоци на терен.

Беше истакнато дека ветеринарните друштва повеќе од една година континуирано укажуваат на овие проблеми преку бројни иницијативи на Комората ,дописи и состаноци со надлежните институции, барајќи корекција на цените на услугите од јавен интерес и обезбедување услови за одржливо функционирање на ветеринарната служба. И покрај покажаното разбирање и дадените ветувања, до денес не се обезбедени конкретни и видливи решенија.

Во текот на дискусијата посебно внимание беше посветено и на прашањето за организацијата и контролата на активностите од јавен интерес. Присутните ветеринарни друштва истакнаа дека предложените технички решенија кои предвидуваат присуство или засилен надзор од страна на официјалните ветеринари во суштина претставуваат корисен механизам за дополнително зајакнување на контролата и транспарентноста на постапките и како такви ја имаат поддршката на ветеринарните практичари.

Сепак, беше констатирано дека поради ограничените кадровски и организациски капацитети на Агенцијата за храна и ветеринарство, нивната целосна и континуирана примена во моменталните услови е практично неоперабилна и тешко спроведлива на терен. Учесниците оценија дека е неопходно итно да се изнајдат алтернативни и реално применливи решенија кои ќе обезбедат соодветно ниво на контрола, а истовремено нема да го доведат во прашање навременото и непречено спроведување на активностите од јавен интерес предвидени со Годишната наредба за здравствена заштита на животните.

Во текот на состанокот беше потенцирана клучната улога на ветеринарната професија во заштитата на здравјето на животните, безбедноста на храната и заштитата на јавното здравје. Учесниците предупредија дека во услови кога во државата и регионот се присутни или се закануваат сериозни заразни болести кај животните, одржувањето на стабилна, функционална и професионално мотивирана ветеринарна служба претставува прашање од стратешки национален интерес.

Присутните ветеринарни друштва ја потврдија својата подготвеност и понатаму одговорно да ги извршуваат активностите од јавен интерес и да придонесуваат кон заштитата на сточарството и јавното здравје. Сепак, беше нагласено дека без итно решавање на наталожените проблеми, без соодветна корекција на цените и без навремена исплата на реализираните активности, капацитетот на ветеринарните друштва за понатамошно непречено спроведување на овие активности е сериозно доведен во прашање.

Како заклучок од состанокот беше оценето дека е неопходно во најкус можен рок надлежните институции да обезбедат конкретни решенија, јасни рокови и соодветни гаранции за надминување на постојните проблеми, особено во делот на финансиската одржливост на ветеринарните друштва, корекцијата на цените на услугите од јавен интерес, навремената исплата на средствата за реализираните активности и обезбедувањето оперативно применлив модел за контрола и спроведување на активностите на терен.

Ветеринарната комора на Република Македонија ќе ги пренесе ставовите и заклучоците од денешниот состанок на претстојната средба со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, закажана за 22.06.2026 година, при што ќе побара конкретни информации, јасни рокови и институционални гаранции за решавање на отворените прашања.

Учесниците на состанокот истакнаа дека ветеринарните друштва покажале максимална трпеливост, професионалност и одговорност во изминатиот период, имајќи ја предвид важноста на активностите кои ги спроведуваат за здравјето на животните, сточарското производство и јавното здравје. Сепак, беше оценето дека понатамошното одложување на решавањето на проблемите повеќе не е одржливо.

Доколку во разумен рок не бидат обезбедени конкретни решенија, јасни рокови и соодветни гаранции за надминување на состојбите, ветеринарните друштва ќе ги активираат претходно донесените одлуки и ќе ги разгледаат сите расположливи мерки за заштита на своите професионални и економски интереси, вклучително и можноста за прекин на спроведувањето на активностите од јавен интерес.

Ветеринарната комора на Република Македонија останува посветена на институционален дијалог и изнаоѓање решенија во интерес на ветеринарната професија, сточарството, безбедноста на храната, здравјето на животните и здравјето на граѓаните.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња