• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Пролетниот состанок на меѓународната регионална ветеринарна иницијатива Вишеград вет плус (V4Vet+)

објавено на 21.05.2026

Од 15-17 мај 2026 во Лученец, Словачка се одржа пролетниот состанок на меѓународната регионална ветеринарна иницијатива V4Vet+, во која свое учество земаат ветеринарните комори на 16 држави од Средна и Југоисточна Европа, експерти од ветеринарната медицина, претставници на Европската федерација на ветеринари, Унијата на ветеринарни практичари на Европа и Светската ветеринарска асоцијација

На состанокот пред се беше истакната моменталната  епизоотиолошката состојба во земјите членки, а особен аспект беше посветен на појавата и ширењето на Сипаниците кај малите преживари, Чумата кај мали преживари, Лигавка и шап, Син јазик, Африканска свинска чума, Авијарната инфлуенца, Њукасл болеста во живинарството, и др. Особено беше потенцирана повторното појавување на PPR кај овци и кози во Албанија, појавата на  Лигавка и шап на островот Лезбос во Грција и огромните штети од Сипаниците кај малите овците и козите, актуелна болест која ја има и во нашата држава.

Меѓу другото беа истакнати :

  • проблемот со достапноста на ветеринарните лекови во земјите на Европската унија и регулација за нивна употреба,
  • недостаток на ДВМ во руралните средини и покренување на иницијатива за испраќање на документ со заеднички став до Европскиот парламент за потребата од поддршка и имплементирање на мерки за креирање на Стратегија за рурален доктор и намалување на нивниот недостаток. Позитивен пример е Баварската покраина во Германија, која веќе креирала своја стратегија за поддршка на одредена квота на ДВМ кои ќе ги пополнат руралните области каде нема веќе активни ДВМ, поддржана со финасиска помош,
  • менување на стратегијата во справување со заразните болести: Вакцинација наместо колење во кризните подрачја за болестите за кои постои вакцина,
  • улогата на практичарите како државни инспектори, искуства од одредени земји на постоењето на категоријата овластен ветеринар,
  • климатските промени и нивното влијание врз појавата на нови болести, со посебен осврт на болестите на пчелите и одржувањето на пчеларскиот сектор,
  • Континуираната едукација во земјите членки на ФВЕ, нејзината важност, имплементација, развој и можност за нејзино унифицирање.

Македонската делегација уште еднаш ја истакна тешката материјално-финасиска состојба на ветеринарните друштва и исклучително нискиот буџет за здравствена заштита и беше истакната благодарност до Претседателот и Потпретседателот на ФВЕ, Д-р Зигфрид Модер и Д-р Пјотр Квиечински за нивната сестрана поддршка на Ветеринарната комора и на ветеринарната професија на Р.Македонија. Исто така беше истакната и моменталната епизоотиолошка состојба во Р.Македонија и предизвиците со кои се соочуваат ДВМ.

Вишеградската V4Vet+ група на ветеринарни комори претставува исклучително важна платформа за соработка и размена на информации и искуства за Ветеринарната комора и за заеднички настап и лобирање пред европските институции. Таа ни дава директна  можност за учество во креирањето на ветеринарните политики во Европа.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња