• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Официјална посета на високи претставници на FVE во Република Македонија

објавено на 19.02.2026

Во Република Македонија на 17 и 18.02.2026 година престојуваа високи претставници на Federation of Veterinarians of Europe (FVE) д-р Зигфрид Модер , Претседател и д-р Пјотр Квечински, Потпретседател на европската организација која ја претставува ветеринарната професија на ниво на цела Европа.

Посетата беше реализирана по покана на Ветеринарна комора на Република Македонија, во период кога ветеринарниот сектор во државата се соочува со сериозни финансиски и структурни предизвици.

Во рамките на посетата остварени се средби со:

  • На 17.02.2026 година со претставник од Владата на Република Македонија, д-р Верче Мицевска, Национален координатор за безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика.
  • На 18.02.2026 година делегацијата беше примена од Директорот на Агенција за храна и ветеринарство д-р Оливер Миланов.
  • Истиот ден беше одржан завршен состанок со претставници на ВКМ и беше дадена изјава за медиумите.

Целта на посетата на високите претставници на ФВЕ беше да се даде поддршка за

  • Потреба од стабилизација на ветеринарно-здравствениот систем во државата
  • Обезбедување одржливост на теренската ветеринарна мрежа
  • Зајакнување на биосигурносните механизми
  • Усогласување со европските стандарди и принципот „Едно здравје“ (One Health)

Ветеринарната професија има клучна улога во заштитата на здравјето на животните, безбедноста на храната и јавното здравје. Затоа, оваа посета претставува значаен чекор кон институционална поддршка и европска солидарност.

Главните заклучоци од одржаните состаноци се следниве:

  • Потреба од итна финансиска стабилизација
  • Долгорочна стратегија за одржливост и развој на ветеринарниот сектор
  • Зајакнување на партнерството меѓу институциите
  • Поддршка од европско ниво во процесот на реформи

Претставниците на ФВЕ ја нагласија важноста од функционален и професионално организиран ветеринарен систем како основа за национална безбедност и економска стабилност.

Оваа посета испраќа јасна порака дека ветеринарната професија во нашата држава е дел од европското професионално семејство и дека предизвиците со кои се соочува бараат системско и одговорно решавање.

Ветеринарната комора останува посветена на конструктивен дијалог и конкретни чекори во интерес на ветеринарната професија и нејзината општествена улога за заштита на јавното здравје, здравјето и благосостојбата на животните и производството на храна за населението во нашата држава.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња