• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Делегација на ВКМ на свечено одбележување на Денот на ветеринарномедицинските специјалисти во Софија

објавено на 18.12.2025

На 14 декември 2025 година, во Домот на ветеринарниот лекар во Софија, свечено беше одбележан Денот на ветеринарномедицинските специјалисти во Република Бугарија, во рамки на кој беше прославена и 10-годишнината од излегувањето на професионалното списание „Ветеринарна практика“.

Настанот обедини бројни претставници на ветеринарномедицинската заедница, државните институции, академските кругови и меѓународни партнери. Меѓу официјалните гости беа претставници на Министерството за земјоделство и храна на Република Бугарија,зам.Министерот г-дин Стефан Бурџев, Бугарската агенција за безбедност на храната зам.директорот д-р Валентин Атанасов и главниот ветеринарен инспектор на Бугарија (CVO) доц.д-р Илијан Костов еминентни претставници на универзитетската и научната заедница, академици и професори.

На покана на организаторите, на свеченоста присуствуваа и претставници на ВКМ извршниот директор на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, д-р Томислав Николовски и деканот на Ветеринарниот факултет при Универзитетот ,,Св.Климент Охридски,,од Битола проф.д-р Панче Дамески  кои со своето присуство ја потврдија силната и континуирана соработка помеѓу ветеринарните професионални организации во регионот.

Во официјалниот дел од програмата беа упатени поздравни обраќања од високи претставници на бугарските институции и од раководството на Бугарскиот ветеринарен сојуз, при што беше нагласена значајната улога на ветеринарната професија во заштитата на јавното здравје, безбедноста на храната и благосостојбата на животните, како и потребата од модернизација, дигитализација и примена на нови технологии во ветеринарната практика.

Во своето обраќање, д-р Николовски истакна дека ветеринарните професии на Балканот ги надминуваат политичките и административните граници, нагласувајќи дека професионалната солидарност, заедништвото и меѓусебната поддршка се клучни за јакнење на струката и нејзиниот општествен углед. По тој повод, тој ѝ подари на главната уредничка на списанието „Ветеринарна практика“, д-р сци. Милена Крстанова, икона на Пресвета Богородица, како симбол на заштита, мир и заедништво.

Во знак на благодарност и признание за придонесот во меѓународната соработка, а по повод 30-годишнината од основањето на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, беше доделен почесна лиценца на д-р Трифон Цветков, кој беше прогласен и за почесен доживотен член на Ветеринарната комора на Република Македонија.

Централен дел од свеченоста претставуваше доделувањето на признанијата „Ветеринарен лекар за 2025 година“, со кои беа наградени истакнати професионалци од различни области на ветеринарната медицина за нивниот исклучителен придонес во науката, образованието и практиката.

Настанот заврши во свечена атмосфера со заедничка фотографија, одбележување на јубилејот на списанието „Ветеринарна практика“ и празничен коктел, испраќајќи силна порака за единството, континуитетот и иднината на ветеринарната професија во Р.Бугарија и регионот.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња