На 12 декември, на покана на новоименуваниот декан на Ветеринарниот факултет во Битола, се одржа работна средба помеѓу претставници на Ветеринарната комора на Република Македонија и Ветеринарниот факултет – Битола.
На средбата учествуваа деканот на Ветеринарниот факултет, проф. д-р Панче Дамески, претседателот на Ветеринарната комора на Република Македонија, д-р Жарко Михајлоски, директорот на Комората, д-р Томислав Николовски, како и претседателот на Стручниот одбор на Комората, проф. д-р Ромел Велев.
Во рамки на средбата беа разгледани можностите за продолжување и унапредување на досегашната успешна соработка помеѓу двете институции, како и иницијативи за планирање и реализација на заеднички стручни, едукативни и научни активности. Посебен акцент беше ставен на континуираната едукација, зајакнувањето на стручните капацитети и развојот на ветеринарната служба во Република Македонија, во согласност со современите европски стандарди.
Претставниците на двете институции ја истакнаа заедничката определба за продлабочување на институционалната соработка, со цел унапредување на ветеринарната професија, подобрување на квалитетот на ветеринарните услуги и заштита на јавното здравје.