• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Одржан семинар „Современи предизвици во ветеринарната професија – знаење, искуства и практика“

објавено на 15.12.2025

На 06 декември 2025 година, во хотел „Меркур“ во Тетово, Ветеринарната комора на Република Македонија успешно го реализира еднодневниот семинар на тема „Современи предизвици во ветеринарната професија – знаење, искуства и практика“. Настанот се одржа во професионална и конструктивна атмосфера, со присуство на повеќе од 200 учесници, гости и претставници на институциите од државата и од регионот.

Семинарот беше свечено отворен со обраќања од претседателот на Ветеринарната комора, д-р Жарко Михајлоски, и проф. д-р Јусуф Зејнели, ректор на Универзитетот во Тетово, кои ја истакнаа важноста на континуираната стручна едукација, регионалната соработка и градењето силна и стабилна ветеринарна професија.

Особена чест претставуваше присуството на претставници од ветеринарните комори на Словенија, Албанија и Косово, како и претставници од релевантни домашни институции и академската заедница, кои дадоа поддршка на заедничките заложби за развој на професијата.

Во рамките на програмата, угледни предавачи од Македонија, Словенија, Србија и Албанија ги презентираа најновите сознанија и современи пристапи во патохистолошката дијагностика, кардиологијата, хирургијата, онкологијата кај домашните миленици, како и актуелните состојби и предизвици со кои се соочува ветеринарната професија.

Семинарот заврши успешно, а учесниците стекнаа нови знаења, практични информации и контакти кои ќе придонесат за унапредување на секојдневната работа и подигнување на стандардите во ветеринарната пракса. Ветеринарната комора и понатаму останува посветена на својата мисија за континуирано јакнење на професијата преку едукација, професионална поддршка и развој на нови можности за стручна соработка.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња