• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Делегација на Ветеринарната комора на Р. Македонија на редовните годишни собранија на FVE и UEVP

објавено на 26.11.2025

Од 13 до 15 ноември 2025 година во Лимасол, Кипар се одржаа јубилејното 55. Годишно собрание на Унијата на ветеринарни практичари на Европа (UEVP) и редовното Годишно собрание на Европската федерација на ветеринари (FVE), која оваа година го одбележа својот значаен 50-годишен јубилеј. На настаните присуствуваа делегации од речиси сите европски земји, како и претставници на Американската ветеринарно-медицинска асоцијација (AVMA) и Светската ветеринарна асоцијација (WVA).

Делегацијата на Ветеринарната комора на Р.Македонија, составена од д-р Жарко Михајлоски, претседател на ВКМ, д-р Рами Селмани, потпретседател на ВКМ и д-р Томислав Николовски, извршен директор на Комората, оствари бројни средби и консултации со колеги и претставници на професионални организации од Европа и регионот.

На собранието на UEVP беше разгледан извештајот за работата во претходниот период, финансискиот план, членарината и приоритетите за унапредување на ветеринарната професија. Посебен акцент беше ставен на:

  • Имплементација на концептот „Animal Health Visits“, кој во ЕУ се спроведува како важен механизам за превентивна ветеринарна грижа. Препорака е оваа практика да биде воспоставена и во нашата земја како дел од усогласувањето со европските стандарди.
  • Антимикробната резистентност (АМР), концептот Едно здравје и значењето на биосигурноста, особено во контекст на ризикот од појава на опасни заразни заболувања.
  • Историски осврт по повод јубилејот на UEVP и идните насоки за развој на европската ветеринарна пракса.

На собранието на FVE беше усвоена новата Стратегија 2026–2030, насочена кон создавање одржлива, модерна и силна ветеринарна професија, заснована врз принципите „Едно здравје – Една благосостојба“ (One Health – One Welfare), посилно застапување и паметно законодавство, поддршка на ветеринарната работна сила преку подобро образование, благосостојба и кариерни патеки и обединет ветеринарен глас.

FVE ги презентираше и следните клучни иницијативи:

  • Официјална позиција за вакцинацијата на животните, со која вакцинацијата се прогласува за социо-економски столб на здравјето на животните и предуслов за европска одржливост.
  • Меѓународни активности за целосно затворање на фармите за крзно, во соработка со FECAVA и WSAVA, со акцент на подигнување на стандардите за благосостојба на животните.
  • Зајакнати европски правила за одгледување, идентификација и регистрација на кучиња и мачки, со фокус на спречување злоупотреби и воведување унифицирани стандарди за сите одгледувачи.
  • Административни оптоварувања за ветеринарите, со нагласување на потребата за намалување на бирократските процедури и користење на дигитални алатки за олеснување на секојдневното професионално работење.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња