• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

ОДРЖАНА ЕСЕНСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВИШЕГРАДСКАТА ВЕТ+ ГРУПА НА ВЕТЕРИНАРНИ КОМОРИ ОД ЗЕМЈИТЕ ОД СРЕДНА И ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

објавено на 29.10.2025

Од 10.10.2025 до 12.10.2025 година во Вишеград, Унгарија беше одржана есенската конференција на Вишеградската Вет+ група на ветеринарни комори од земјите од средна и југоисточна Европа во рамките на проектот „Прекуграничен самит за ветеринарна соработка“, на кој учествуваа делегации од 14 земји. Самитот го отвори и се обрати претседателот на Унгарската ветеринарна комора д-р Габор Генци. На самитот свое присуство и обраќање имаа и претседателот на Европската федерација на ветеринарни комори д-р Зигфрид Модер (Германија) и претседателот на Европската унија на ветеринарни практичари д-р Фолкер Мозер (Австрија)

На состанокот беше изложена епизоотиолошката состојба во земјите членки и актуелните состојби во ветеринарната професија. Ветеринарните служби во Европа, можеби како никогаш досега, се наоѓаат во постојана опасност од избивање на опасно заразни болести кај домашните животни и затоа беше потенцирана потребата од исклучелна спремност на ветеринарните служби во справувањето со заразните болести и нивна соодветна државна поддршка.

Свое учество и извештај на состанокот имаше и делегација на Ветеринарната комора на Македонија во состав д-р Жарко Михајлоски Претседател на ВКМ и д-р Томислав Николовски, извршен директор на Комората, кои што ја изложија моменталната епизоотиолошка состојба и предизвиците со кои се соочува ветеринарната професија во нашата држава.

Во дискусијата беше дадена поддршка за постигнување на нашите цели за соодветна валоризација на ветеринарната професија, која за жал во споредба со европските искуства се најдува на маргините на нашето општество.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња