• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

ОДРЖАНО 29-ТО РЕДОВНО СОБРАНИЕ НА ВКМ

објавено на 15.06.2025

На 10 јуни 2026 година, во хотел Континентал – Скопје се одржа 29-то Редовно годишно собрание на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија. На собранието присуствуваа 30 делегати од вкупно 34, со што беа исполнети условите за полноправно одлучување.

Собранието започна со поздравно обраќање на Претседателот на Комората, д-р Жарко Михајлоски, кој го презентираше Извештајот за активностите на Комората во периодот меѓу двете собранија. Во својот извештај, Претседателот ги истакна главните реализирани активности, тековните предизвици, како и напредокот во областите од значење за работата на Комората.

Исто така, беше презентиран и усвоен финансискиот извештај за 2024 година, а своја презентација за извршениот надзор, имаше и Претседателот на Надзорниот одбор д-р Дарко Кузмановски. Тој потенцираше дека финансискиот извештај е транспарентен, со прецизни и јасни податоци, и укажа на рационално користење на финансиските средства во текот на изминатата година и го оцени работењето како успешно. Дополнително, Надзорниот одбор исто како и минатото собрание, даде препорака за зголемување на членарината, врз основа на анализа на сите економски параметри и инфлаторни движења во државата.

Претседателот на Стручниот одбор, проф. д-р Ромел Велев, го поднесе извештајот за работата на одборот, со посебен осврт на тековните задачи поврзани со издавањето, продолжувањето и обновувањето на лиценците за работа на докторите по ветеринарна медицина, како и на процесот на акредитација на настани за континуирана стручна едукација. Од страна на Стручниот одбор беше дадено позитивно мислење за издавање на лиценца за работа на 21 доктор по ветеринарна медицина, за продолжување на лиценцата на 98 доктори.

Во текот на извештајниот период, Комората, преку Стручниот одбор, акредитираше вкупно 6 настани за континуирана едукација, кои заедно носат 47 бодови, придонесувајќи кон професионалниот развој на членовите и одржување на високите стандарди во ветеринарната практика.

По усвојување на извештаите за работата на Комората, Претседателот на Комората го презентираше Годишниот план за работа на ВКМ за периодот до следното Собрание, во кој се потенцира потребата од континуитет во клучните активности, со прилагодување на делувањето кон актуелните предизвици во ветеринарната служба. Главните приоритети се: официјализирање и ставање во правна рамка на „Методологијата за утврдување на цени за јавни овластувања“, финализирање на барањето за итно линеарно зголемување на цените за јавни овластувања за 30% и проширување на годишната наредба со нови активности, продолжување на соработката со АХВ, МЗШВ и други институции, со цел активно учество во креирањето на Годишната наредба, во процесот на носење на нов закон за ветеринарно здравство, имплементација на формата „овластен ветеринар“, изнаоѓање начин за вклучување на ветеринарните техничари како дел од ветеринарната комора, унапредување на системот за лиценцирање и континуирана стручна едукација, изработка на методологија за утврдување на висината на членарина и изнаоѓање нови модели за финансирање за долгорочна стабилност на Комората, промоција и видливост преку медиумски активности, одбележување значајни датуми и редовно информирање на членството, меѓународна соработка и активно учество во креирање на концептот  „Едно здравје“и во креирањето на стратегијата за борба против антимикробната резистенција, продолжување со реформи на правните акти на комората, унапредување на соработката со ветеринарните факултети, препознавање на предизвиците во малата практика и третман на кучињата скитници.

Претседателката на Секцијата за мала пракса, д-р Пандорче СпасовскаТренкоска, даде краток осврт на досегашната работа на Комисијата за изработка на новиот Минимален ценовник на ветеринарни услуги, кој го пропишува Ветеринарната комора, при што се донесе заклучок да се даде дополнителен рок од 10 дена за финализирање и ажурирање на истиот, по што документот ќе биде даден на усвојување на извршниот одбор.

На ова Собрание се отвори дискусија по предлогот за преземање на обврската за плаќање на членарини и лиценци од страна на правните субјекти каде што се вработени докторите по ветеринарна медицина. По изнесените ставови и аргументи, присутните донесоа заклучок оваа обврска да не биде задолжителна за правните субјекти, туку да се остави на доброволна основа, односно на договор помеѓу вработениот и правниот субјект.

На крај едногласно беа изгласани членовите на новата Изборната комисија.

            На собранието беше даден предлог за формирање на комисија која ќе пристапи кон утврдување на минимална плата на доктор по ветеринарна медицина.

Како заклучок беше истакнато дека Комората останува доследна на својата улога како главен застапник на ветеринарната професија и покрај чувството за долгогодишен несоодветен третман на ветеринарната професија и немањето соодветна  поддршка од  државата.

Исто беше заклучено дека е тотално несериозно во време кога нашата држава, но и целиот континент е под закана од повеќе опасни заразни болести кај домашните и дивите животни, да има драстично намалување на буџетот за здравствена заштита на животните. Сите релевантни светски организации повикуваат на итност и потполна спремност на ветеринарните служби под заканата од ширење на овие болести, а за тоа време нашата професија се најдува на маргините на општеството.

Собранието заврши во конструктивна и позитивна атмосфера, со јасна определба за продолжување на заложбите во интерес на ветеринарната професија.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња