На 10 мај 2025 година во Офицерски дом во Битола, во организација на Ветеринарната комора на Република Македонија и Ветеринарен факултет Битола при Универзитет Св. „Климент Охридски“ Битола ,со над 200 учесници и гости успешно се одржа Третиот семинар од областа на ветеринарната медицина. Настанот собра значајни имиња од стручната и академската јавност, како и претставници од институции од земјата и регионот.
.jpg)
Семинарот беше свечено отворен со поздравни обраќања на деканот на Ветеринарниот факултет – Битола, проф. д-р Никола Карaболовски, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“– Битола, проф. д-р Игор Неделковски, градоначалникот на општина Битола, Примариус д-р Тони Коњановски, претседателот на Ветеринарна комора на Република Македонија, д-р Жарко Михајлоски и Националниот координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, д-р Верче Мицевска. Сите ја истакнаа важноста на континуираната едукација и регионалната соработка во ветеринарната професија.
.jpg)
Посебна чест за организаторите и присутните претставуваше и првата официјална посета на новоизбраниот претседател на Ветеринарната комора на Словенија, д-р Томо Ванкмилер, кој со своето присуство ја потврди важноста на меѓусебната соработка на ВКС и ВКМ која датира од 2018 година.
Во рамките на програмата, свои излагања имаа предавачи од Македонија, Хрватска, Србија, Бугарија и Грција. Темите опфатија актуелни прашања од третманот и дијагностиката кај мали и големи животни, како и искуства од теренската пракса.
.jpg)
За прв пат оваа година имаше предавачи од Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот Аристотел во Солун, Република Грција кои ги споделија своите искуства со појавата на чума кај малите преживари и мерките што се преземени за успешно справување со болеста.
Семинарот претставуваше важна платформа за размена на знаења, унапредување на професионалните вештини и јакнење на регионалната соработка во областа на ветеринарната медицина.
Организаторите изразија благодарност до сите учесници и предавачи и најавија континуитет на овој семинар и во иднина.