• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Потпишан договор за соработка со Хрватската ветеринарна комора

објавено на 07.11.2017

Од  25 до 28 октомври 2017 година во Опатија , Република Хрватска под покровителство на највисоките државни структури  се одржаа Ветеринарните денови 2017.
Ветеринарните денови претставуваат најголем собир на докторите по ветеринарна медицина кој ги обединува ветеринарите од мала и голема пракса, ветеринарите од јавно здравство , експерти од областа на науката и биомедицината и сите оние кои директно или  индиректно соработуваат со ветеринарната професија за подобрување на ветеринарната професија и ветеринарната наука во Република Хрватска.
На покана на Претседателот на Хрватската ветеринарна комора д-р Иван Форгач, на конгресот присуствуваше Претседателот на Ветеринарната комора на Р.М  д-р Томислав Николовски.
Во рамките на настанот на пригодна свеченост беше потпишан Договор за меѓусебна соработка помеѓу двете комори. При одржувањето на пригодните говори двајцата претседатели освен задоволството од официјализирањето на односите , посебно се истакна дека дополнителен мотив за успешна и содржајна соработка се бројните доктори по ветеринарна медицина кои работат во РМ, а своето образование го завршиле на Универзитетот во Загреб.
Согласно потпишаниот Договор, двете комори ќе соработуваат по прашања кои се однесуваат на професионалните здруженија и професионалниот развој на членовите, како и застапување на заедничките интереси. Освен билатерална соработка во наведените области, Коморите ќе соработуваат и во рамките на земји членки на Вишеградската група плус и со трети страни, како и со Федерацијата на ветеринари на Европа (ФВЕ) и нејзините секции, притоа водејќи грижа за интересите на своите членови.
Како дел од соработката меѓу Коморите постојано ќе се бараат можности за размена или заедничко спроведување на успешни програми за професионален развој и обука на своите членови со предавачи кои ќе го извршуваат стручно усовршување и оспособување.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња