• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Тркалезна маса со наслов „Контрола на беснилото – нужност од сеопфатен општествен пристап“

објавено на 06.10.2017

По повод светскиот ден за борба против беснилото на 28 септември, 2017 година Ветеринарната комора организираше Тркалезна маса под наслов “Контрола на беснилото –нужност од сеопфатен општествен пристап,,. На тркалезната учествуваа  претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, ветеринарни друштва, Институт за јавно здравје, Инфективна клиника – Скопје и Ловечка федерација на Македонија. Целта на тркалезната маса беше да се утврдат состојбите со беснилото во РМ, да  се влијае на подигање на јавната свест за опасноста од појавата на болест, да се поттикне соработка со сите засегнати институции, да се истакне проблемот со бездомните кучиња и мачки како важна алка во пренос на вирусот и да се предложат   солуции за зголемување на ефикасноста во борбата против беснило.
Низ отворена и содржајна дискусија на присутните учесници се дојде до констатацијата дека обемот и опфатот на идентифицирани и регистрирани кучиња и мачки, како и нивна вакцинација против беснило не е задоволителен.
Исто така е потенцирано дека проблемот со бездомни кучиња не се третира на соодветен начин од страна на единиците на локалната самоуправа.
Низ дискусијата со учесниците од здравствениот сектор се разговараше за конкретни постапки во делот на имплементација на антирабичните протоколи на пациенти каснати од животни и провејуваше интенцијата за меѓусебната поврзаност и нужност од продлабочување на соработката меѓу ветеринарно-здравствената и здравствена служба на сите нивоа за сите зооантропонози.

Со цел подобрување на ефикасноста на мерките за контрола и сузбивање на беснилото во РМ беа предложени следниве мерки.

  1. Стриктно спроведување на мерката за обврзна идентификација и регистрација на домашните миленици  т.е чипирање на кучињата и мачките согласно постојната законска регулатива. Создавањето на опсежна  база на податоци во електронскиот систем на АХВ  во веќе оперативниот модул за домашни миленици е појдовна основа  и предуслов за спроведување на соодветен обем на имунопрофилакса, односно вакцинација на кучиња и мачки согласно прописите. Заедничка констатација на учесниците е дека ваква обемна активност може да се изврши само со реализација на повеќегодишен проект на државно ниво каде трошоците за горенаведените активности би ги финансирала државата.
    Во рамките на спроведувањето на наведените активности потенцирана е потребата од санкционирање на сопствениците на домашни миленици кои не ги исполниле своите законски обврски. Нагласена е нужната соработка помеѓу ветеринарните друштва и официјалните ветеринари во имплементација на мерките.
  2. Воведување на соодветна законска регулатива  за  контрола на популација на миленици преку  кои би се спречило создавање на нова популација на бездомни кучиња.
  3. Стриктна примена на прописите со кои се регулира третманот и постапките со бездомните животни од страна на единиците на локалната самоуправа. Изнаоѓање на модели со кои трајно се решава проблемот со кучињата скитници. Санкционирање на единиците на локалната самоуправа кои немаат соодветни решенија за проблемот.
  4. Хармонизација на законските и подзаконски акти кои се однесуваат  на здравјето на животните и здравјето на луѓето , од аспект на зооантропонозите , со цел поефикасна  интер-ресорска соработка.
    Можност  Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за здравство  во делот на размената на информации, формираат заедничка интернет платформа т.е. создавање на база на податоци од обостран интерес, каде информациите би се пласирале од двете страни.
  5. Иницирање на изработка на државна  стратегија за елиминација на беснило во која би биле вклучени експерти од ветеринарна медицина и хумана медицина.
  6. Спроведување на кампањи за подигање на јавната свест  преку едукации, во кои ќе се нотира опасноста од појава на болест на беснило која е фатална за човечкиот живот и начинот која таа се превенира.

На тркалезната маса беше искажано и негодување од немањето на интерес на средствата за јавно информирање да го третираат настанот на соодветно ниво на важност, особено ако се има предвид дека светскиот ден на беснилото се одбележува во преку 150 земји во светот со предоминација на влијание на јавната свест токму преку медиумите за една многу опасна и смртоносна болест, која на годишно ниво зема од 50 до 70 илјади човечки животи.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња