• Почеток
  • За нас
    • Историјат
    • Цели и задачи
    • Организациска структура
    • Стручно-административна служба
    • Информации од јавен карактер
  • Новости
    • Активности
    • Соопштенија
  • За членовите
    • Членување во Ветеринарна комора
    • Приправнички стаж под менторство
    • Лиценци за работа
    • Право на факсимил
    • Проверка на стручните знаења
  • Лиценцирани ДВМ
  • Континуирано стручно усовршување
    • Континуирано стручно усовршување (КСУ)
    • Евиденција на бодови од КСУ
    • Проверка на внесени бодови од КСУ
    • Акредитирани настани на облици за КСУ
  • Акти
  • Линкови
  • Контакт

Одржан Стручен состанок

објавено на 07.04.2016

Со цел навремено информирање на своето членство за тековните и идните активности поврзани со здравствената заштита и благосостојба на животните и предвидените измени на ИСАХВ системот, Ветеринарна комора на Р.Македонија во соработка со АХВ на 22.03.2016 (вторник) во хотел “Континентал” со почеток во 11.00 часот одржа Стручен состанок со следната програма:

  1. Спроведување на активностите согласно Годишната наредба за 2016 година
  2. Презентација на модулот за домашни миленици (кучиња и мачки) во рамките на ИСАХВ.
  3. Презентација на модулот за риби во рамките на ИСАХВ
  4. Презентација за нови можности за континуирана едукација на докторите по ветеринарна медицина во рамките на TAIEX и Twinning проекти
  5. Известување за иницијалните активности за изработка на унифициран софтвер за водење на ветеринарно-здравствена евиденција.

На состанок претставници  од Агенцијата за храна и ветеринарство детално ги презентираа активностите од Годишната наредба за здравствена заштита на животните предвидени за  2016 година, начинот на функционирање на новите модули предвидени во Информациониот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство (ИСАХВ), како и можноста за континуирана едукација  на докторите по ветеринарна медицина во рамките на TAIEX и Twinning проекти, преку бесплатни обуки кои ќе се одржуваат во соработка со Ветеринарна комора.

Претседателот на Комората  ги информираше присутните за активностите околу изработката на унифициран софтвер за водење на ветеринарно-здравствена евиденција и ја истакна потребата од  ваков софтвер поради намалување на папиролошкото водење на евиденцијата за ветеринарните интервенции и поедноставување на  работата на докторите со што ќе се избегнат разнообраности на постапки и барања на ветеринарната инспекција.

Пребарување

Портал за членови на комората

Формулари и обрасци

  • Пријава за упис во регистарот на доктори по ветеринарна медицина
  • Барање за мирување на членство во Комората
  • Барање за одобрување на приправнички стаж под менторство
  • Барање за менторство
  • Барање за издавање на лиценца за работа
  • Потврда за завршен приправнички стаж
  • Контролен лист за есенцијални компетенции кои стажантот треба да ги совлада после завршување на стажот издадени од ментор
  • Барање за продолжување на лиценца за работа
  • Евиденциска картичка
  • Барање за категоризација и вреднување
  • Барање за полагање на стручен испит
  • Барање за изработка на факсимил
посетете не на Facebook


ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

A: ул. 16 –та Македонска бригада бр. 4
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Е: mvk@mvk.org.mk
Т: 02 60 92 5 92
Ф: 02 3114 619
С.: 200000003533314 - Стопанска Банка

изработено од Medium3

Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња