Почитувани колеги,
Ветеринарната комора на Република Македонија го организира 19-то Редовно Годишно Собрание, кое оваа година ќе се одржи на 12-13 јуни, 2015 (петок и сабота) , со почеток од 13:30 часот во хотел Романтик-Стар Дојран.
Годишното собрание ќе се состои од два дела:
- 12 јуни 2015 година (петок)
- Формален –работен дел на Собранието,
- 13 јуни 2015 година (сабота)
- Во склоп на собранието ке биде организиран Семинар, како дел од континуирана задолжителна едукација на докторите по ветеринарна медицина.
Програма на предавањата:
- “Правилен избор на хируршки материјали за шиење”,
“Руптура на преден вкрстен лигамент кај кучиња”
Доц.д-р. Марио Кресзингер, Ветеринарен Факултет Загреб, Р.Хрватска
- “Практична примена на бихевиористиката во ветеринарната пракса”
Дуња Ковач,ДВМ – Нови Сад, Р.Србија
- “Заболувања на млечна жлезда кај преживни животни”,
Проф.д-р Ѓорѓи Мицковски, Факултет за ветеринарна медицина-Скопје, Р.Македонија
За бодирањето на Семинарот ке бидете дополнително известени.
Цената на котизацијата за овој настан изнесува 2 000 ден. за извршена уплата најдоцна до 11.06.2014 год. (четврток), а на самиот ден на одржување на семинарот висината на котизацијата ќе изнесува 2 500ден.
Сите заинтересирани лица котизацијата можат да ја уплатат на следната жиро сметка:
Ветеринарна комора на Р.Македонија
Ж-сметка : 200000003533314
Депонент: Стопанска Банка Ад- Скопје
Цел на дознака: уплата на котизација
При уплата на котизација задолжително да се нагласи името и презимето на учесникот.