15.09.2017
Почитувани колеги,
Ве известуваме дека Ветеринарната комора на Р.Македонија иницира постапка за измени на Законот за ДДВ во насока на намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5 % за ветеринарни услуги и ветеринарно медицински препарати.
За таа цел на 15.09.2017 год. доставено е Барање до Премиерот на Р.Македонија Г-дин Зоран Заев и до Министерот за Финансии на Р.Македонија Д-р Драган Тевдовски, со следните предлог мерки:
Предложените измени и дополнувања во Законот за ДДВ се поднесуваат поради неопходноста од вклучување на стимулативни мерки кои квалитативно ќе го подобрат и унапредат овој сектор, имајќи го предвид значењето на ветеринарната дејност во однос на грижата за животните, а преку нив и грижата за општото здравје на населението. За иницијативата е информиран директорот на Агенција за храна и ветеринарство д-р Зоран Атанасов и се очекува целосна подршка за реализација на овој план.
Со почит,
Ветеринарна комора на Р.Македонија
Претседател:
Д-р Томислав николовски