Повторно активирање на Барањето за измени и дополнувања на Законот за ДДВ во насока на намалување на стапката на ДДВ за ветеринарни услуги и ветеринарно медицински препарати

15.09.2017

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека Ветеринарната комора на Р.Македонија иницира постапка за измени на Законот за ДДВ во насока на намалување на  стапката на ДДВ од 18% на 5 % за ветеринарни услуги и ветеринарно медицински препарати.
За таа цел на 15.09.2017 год. доставено е Барање до Премиерот на Р.Македонија Г-дин Зоран Заев  и до Министерот за Финансии на Р.Македонија Д-р Драган Тевдовски,  со следните предлог мерки:

  • Инкорпорирање на ветеринарни услуги во повластената стапка на ДДВ. Позитивните ефекти од спроведување на оваа мерка ќе значат зголемена ликвидност на ветеринарните друшта, можност за инвестиции во нови технологии и опрема, подобрена едукација на кадарот и севкупно зголемување на квалитетот на ветеринарните услуги за земјоделско-ветеринарниот сектор.
  • Инкорпорирање на ветеринарни лекови и вакцини во повластената стапка на ДДВ. Позитивните ефекти од спроведување на оваа мерка ќе предизвикаат зголемена ликвидност на ветеринарните друштва, можност за инвестиции во опрема и нови технологии, подобрување на едукацијата на кадарот и подобрување на квалитетот на ветеринарните услуги за земјоделскиот сектор и намалување на цената на чинење на ветеринарните лекови за крајните корисници.
  • Спроведување на мерки за подобрување на едукацијата и опременоста на ветеринарните друшта со софистицирана опрема. Ефектот од спроведувањето на државните мерки за развој на земјоделството би бил уште поголем доколку се подржи и ветеринарниот сектор преку: подршка во набавка на софистицирана опрема во склоп на националните програми за финансиска подршка како и преку систем на подршка во континуирана едукација на ветеринарните лекари за нови технологии и техники преку Ветеринарната комора.

Предложените измени и дополнувања во Законот за ДДВ се поднесуваат поради неопходноста од вклучување на стимулативни мерки кои квалитативно ќе го подобрат и унапредат овој сектор, имајќи го предвид значењето на ветеринарната дејност во однос на грижата за животните, а преку нив и грижата за општото здравје на населението. За иницијативата е информиран директорот на Агенција за храна и ветеринарство д-р Зоран Атанасов и се очекува целосна подршка за реализација на овој план.

допис 1, допис 2

Со почит,

Ветеринарна комора на Р.Македонија
Претседател:
Д-р Томислав николовски

Пребарување